Шок! Без Дејан Манасков во Швајцарија!

Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена на гостувањето кај Швајцарија во 2. коло од квалификациите за ЕП 2022 откако беше потврдено дека Дејан Мансков не отпатувал со репрезентативните колеги.

Причина за овие лоши вести се унгарските протоколи според кои Манасков за враќање во Унгарија кај неговиот клуб Веспрем ќе му биде потребен негативен тест во Швајцарија, а затоа што нема доволно време да го направи тоа остана во Македонија.

Натпреварот Швајцарија – Македонија се игра утре од 18:30 часот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .