Шокантни вести од Турција: Газдата на Фенербахче го купува Вардар!?

Турскиот милијадер Али Коч веќе некое време е прв човек на гигантот Фенербахче, а неговата фамилија со години важи за една од најбогатите во Турција. Сега медиумите од оваа земја објавија шокантна ексклузива дека е заинтересиран за купување на Вардар.

Најголемиот македонски фудбалски клуб се наоѓа во тешка криза и од следната сезона ќе настапува во втората лига. Според информациите од Турција, Вардар би станал нешто како своевидна филијала на Фенер.

Интересно, Вардар пред четири години токму против Фенербахче го оствари најголемиот успех во историјата, кога клубот од Скопје во плеј – офот за Лигата на Европа го исфрли турскиот великан и се пласираше во групната фаза.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.