Шкотите го враќаат алкохолот на трибините после 36 години?

Голема фудбалска револуција се подготвува во Велика Британија. Прво Англичаните најавија дека ќе ги вратат трибините на кои навивачите ќе можат да стојат во текот на натпреварите, а сега пристигнува нова информација од Шкотска, која размислува да им дозволи на навивачите на трибините да конзумираат алкохол.

Алкохолот на трибините во Шкотска е забранет од далечната 1985 година, кога беа воведени строги закони во текот на владеењето на контроверзната Маргарет Тачер, која влезе во жестока борба со хулиганите на стадионите низ Британија.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.