Шкендија нов првак на Македонија: Четврта титула на клубот од Тетово!

Шкендија со денешната победа над Борец стана нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. Тетовските „црвено – црни“ апсолутно заслужено стигнаа до четвртата ѕвездичка во својата историја, а во моментов имаат 13 бодови во одност на второпласираниот Шкупи на четири кола до крајот.

Што се однесува до денешниот натпревар, Борец прв стигна во водство преку автоголот на БеЈтулаи во 13. минута. Шкендија се разбуди во вториот дел и преку Ибраими, Хебај и Мурати стигна до шампионските три бода.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .