Шест голови во Милано: Милан и Рома ги поделија бодовите! (ВИДЕО)

Во дербито на на 5. коло од италијанската Серија А, Милан во супер – интересен натпревар ремизираше со Рома во меч во кој паднаа дури шест голови (3-3).

Мечот одигран на „Сан сиро“ беше возбудлив од самиот старт. „Росонерите“ поведоа преку Златан Ибрахимовиќ во 3. минута, но Џеко возврати десетина минути подоцна. На стартот од второто полувреме, Милан зголеми на 2-1 преку Алексис Саелемекерс.

Во меѓувреме, голманите на двата калчолигаши Татарашану и Миранте имаа неколку феноменални интервенции. Главниот судија Пиеро Џиакомели стапи на сцена во 71. минута кога прво досуди сомнителен пенал за Рома, а потоа направи иста грешка, откако покажа на белата точка и за Милан.

Прво Верету израмни, а потоа Ибра го матираше Миранте. Сепак, шведскиот напаѓач од апсолутен херој стана трагичар откако не реагираше најдобро при еден корнер на Рома. Тоа го искористи албанскиот дефанзивец Кумбулу за конечни 3-3.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .