Шериф на Николов продолжува со чудата: Прво коло и веднаш шок – совладан Шахтјор! (ВИДЕО)

После чудесниот пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, сега фудбалерите на молдавскиот првак Шериф од Тираспол за кого игра македонскиот репрезентативец Бобан Николов, успеаа во првото коло да го совладаат силниот Шахтјор Доњецк (2-0).

Иако Украинците важеа за големи фаворити, ретко кој очекуваше ваков резултат. Николов во игра влезе во 85. минута, додека головите за домашниот тим ги постигнаа Адама Траоре и Момо Јансане.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .