Шелви го поништи евроголот на Де Брујн и им „откина“ два бода на Сити! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од 14. коло од Премиерлигата, Манчестер сити одигра само нерешено на гостувањето кај Њукасл (2-2). „Граѓаните“ добро го започнаа мечот и во 22. минута со голот на Стерлинг поведоа (0-1). Сепак, само две минути подоцна домаќините преку Холанѓанецот Вилијамс израмнија на 1-1.

Во вториот дел Сити нападна, а во последните десетина минути започнаа возбудувањата. Кевин де Брујн постигна вистински еврогол во 82. минута и го донесе клубот од Манчестер во водство. Сепак, исто како првиот дел, „страчките“ вратија брзо. Шелви по едно кратко проигрување испрати прецизен удар одалечина и му донесе и тоа како важен бод на својот клуб.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .