Шевченко се враќа во Италија, но како “газда”!

Легенданриот украински фудбалер, Андриј Шевченко би можел да се врати во италијанскиот фудбал во следниот период, но не во улога на тренер.

Украинецот последно беше тренер на Џенова каде не се прикажа во најдобро светло и доби отказ, а сега би можел да се врати во Италија, но во улога на сопственик на клуб.

Имено, медиумите на „Чизмата“ пишуваат дека Шевченко сака да го купи тимот на Пескара кој во моментов се натпреварува во третата лига во Италија.

Наводно Шевченко требало да се сретне со претседателот на клубот и на таа средба директно требало да се разговара за купување на мнозинскиот дел од акциите на клубот.

Украинецот вечерва ќе биде присутен на натпреварот кој Пескара ќе го игра со Губио и во кој домашниот тим ќе атакува на победа со цел да се пласира ранг погоре уште оваа сезона.

Пескара преку плеј-офот има можност да стигне до Серија Б, а потоа дополнително да напредува, а во иднина можеби и да се врати во највисокиот ранг од италијанскиот фудбал.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.