Швеѓаните го исмеваат Левандовски: „Во него се разбуди Алваро Мората“

Шведските медиуми му се потсмеваат на Роберт Левандовски и на репрезентацијата на Полска, која синоќа беше поразена од „викинзите“ и елиминирана од ЕВРО 2020 уште во групната фаза и покрај фактот што беа едни од фаворитите во групата.

Капитенот на Полјаците, Роберт Левандовски одигра добар натпревар, даде два погодоци, меѓутоа дефинитивно клучен момент на натпревар беше кога после еден корнер не успеа со глава да ја затресе мрежата на Олсен иако имаше чиста ситуација за гол.

„Полска? Не знам што се случи. Левандовски требаше да постигне уште два погодоци, но во него се разбуди Алваро Мората“, изјави новинарот на угледниот шведски „Expressen“, Ноах Башнер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .