Швајцарија се покажа како „тврд орев“, но Македонија забележа нова победа!

Македонската ракометна репрезентација ја забележа петата победа во шестиот меч од квалификациите за Европското првенство откао на домашен терен во „Јане Сандански“ ја совлада селекцијата на Швајцарија (29-28).

Швајцарците уште една докажаа дека станува збор за квалитетна репрезентација, која во поголемиот дел од натпреварот имаше егал со момците на Кирил Лазаров, тоа го покажа и резултатот на полувремето (16-16), но на крајот Македонија успеа да слави минимално.

Предводник на теренот како и од клупата беше Кирил Лазаров, а вистинско шоу имаше и Никола Митревски на голот. Со оваа победа Македонија успешно го заврши квалифиакцискиот циклус и обезбеди пласман на ЕП во Словачка и Унгарија 2022, а ждрепката ќе биде извршена во четврток.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .