Швајцарија повеќе покажа, но Велс извлече бод! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар на ЕВРО 2020 од групата „А“, фудбалерите на Швајцарија и Велс одиграа нерешено (1-1).

Фудбалерите на босанскиот стручњак, Владимир Петковиќ беа подобри во текот на целиот меч, а добрата игра им се исплатеше во 49. минута кога Брил Емболо ги донесе Швајцарците во водство.

Сепак, мораа да искористат уште некоја од шансите, а кога тоа не се случува, како и секогаш стигнува казната. Тоа се случи во 74. минута кога Кифер Мур израмни на 1-1, резултат кој ќе се покаже како конечен.

Вториот меч од групата „А“ се игра вечерва (21 часот) помеѓу Белгија и селекцијата на Русија.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .