И годинешниот шампион на регионалната АБА лига ќе настапува во Евролигата во сезоната 2021/2022, така што ќе добие една од двете специјални вајлд – карти, пренесува угледниот „Eurohoops“.
Според информациите, Евролигата официјално го означила шампионот на АБА лигата како приоритет и сигурно тој ќе се најде помеѓу 18. клубови за наредното издание на елитното натпреварување.