Шампионката на Ролан Гарос во карантин – била во контакт со претседателот на Полска!

Сензационалната победничка на Ролан Гарос, Ига Швјонтек соопшти дека ќе биде во карантин по состанокот кој го одржа со претседателот на Полска, Анжеј Дуда. Портпаролот на претседателот на Полска потврди дека Дуда е позитивен на корона – вирус.

Тој добро се чуствува, се наоѓа во изолација, а Швјонтек со него се состанала минатиот петок. Полската тенисерка на Твитер напиша дека нема симптоми, но дека ќе го испочитува протоколот и ќе биде во карантин.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .