Шалке испадна од Бундеслигата, навивачите им приредија ЖЕСТОК пречек!

Фудбалерите на Шалке синоќа и официјално испаднаа од Бундеслигата, откако загубија на гостувањето кај Арминија во Билефелд (1-0). Оваа сезона дефинитивно ќе биде запишана со црни букви во историјата на „рударите“, а ултрасите на клубот го искажаа незадоволството од катастрофалниот резултат.

Тие ги пречекале фудбалерите и го нападнале автобусот, потврдија од Шалке.

„Играчите биле гаѓани со јајца и вербално нападнати. Полицијата успеа да спречи поголеми судири, а по полициската реакција, навивачите го напуштија подрачјето околу стадионот“, соопштија од Шалке.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .