Чупиќ: Не одиме во Париз со бело знаме

Македонскиот ракометен првак Вардар во среда оди на едно од најтешките гостувања во ракометна Европа, кај француски ПСЖ, а крилниот ракометар на „црвено – црните“ Иван Чупиќ даде свое мислење за претстојниот меч.

„ПСЖ има три порази и не е во лесна ситуација, зашто сите знаеме што очекуваат од оваа група. Нивната желба е да се пласираат на Ф4. Тие не играат добро како во француското првенство и имаат голем притисок затоа што нема време за поправка на грешки.

Тие мора да победат на три-четири меча по ред. За нас ова е трет меч во Лигата на шампиони, имаме три бода, иако мислам дека можевме да имаме повеќе бодови. Никој од нас не бара сензација во Париз, но го анализиравме тимот и се подготвувавме на тренинг. Сигурно нема да одиме со бело знаме на гостувањето, знаеме дека квалитетот е на нивна страна, но како и секогаш, со добра одбрана на нивна транзиција би можеле да создадеме притисок.

Ако е добар натпреварот, би можеле да внесеме нервоза во последните десет минути и тогаш би имале шанса за добар резултат“, кажа Чупич

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .