Чудо во Мадрид: Доњецки Шахтјор го шокираше Реал! (ВИДЕО)

Веќе во првото коло од Лигата на шампионите се случи големо изненадување, дури и сензација. Украинскиот Шахтјор од Доњецк успеа во Мадрид на стадионот „Алфредо ди Стефано“ да го победи Реал со 2-3.

Дека чудо ќе се случи Украинците наговестија уште во првото полувреме кое неверојатно го завршија со три голови предност (0-3). Тете, Рафаел Варан автогол и Соломон беа виновниците за големото водство. „Кралевите“ се обидоа да се вратат во вториот дел со головите на Модриќ и Винициус, но тоа беше се што направија.

Во другиот натпревар што се играше од 19 часот, Салцбург не ја искористи фаворитската улога и ремизираше на домашен терен против Локомотив од Москва (2-2).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .