„Човек што работи знае да згреши, ниту мене не ми се допадна бордо дресот“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини изјави дека ниту на него не му се допаднал бордо дресот. Сејдини истакна дека веднаш реагирале кај првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и проблемот веднаш бил решен.

„Човек што работи, знае да згреши. Јас ја прифатив грешката и се извинив на цела македонска јавност. Среќа наша е тоа што имаме претседател на УЕФА, кој добро го познава балканскиот менталитет. Му го објаснив проблемот на Чеферин, а тој ми кажа дека нема проблем и може да играме со стариот дрес. Ни мене не ми се допадна дресот зашто беше премногу темен. Уште првиот пат кога го видов, знаев дека ќе испадне проблем. Вината е наша, на претседателот на ФФМ, а не на ЈАКО или било кој друг. Дресовите нема да се уништат, туку тие ќе бидат распределени на тимовите од пониските лиги во Македонија“, изјави Сејдини.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .