Чешка поразена, Данска оди во полуфинале! (ВИДЕО)

Во третото четврфинале на ЕВРО 2020 во Баку се судрија селекциите на Чешка и Данска, а победата ја однесоа фудбалерите на Данска (1-2).

Данците имаа супер – почеток и веќе во петата минута преку Дилејни поведоа на 0-1. Водството го зголемија веќе во 42. Минута кога Меле одлилно го проигра Долберг кој во манир на голем стрелец ја погоди мрежата на Чесите.

Чешка го имаше почетокот на вториот дел кога намалија преку Патрик Шик, но тоа беше се што направија. Данска во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Англија – Украина кој се игра вечерва.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.