Чеферин за Ањели: Мојот кум за мене повеќе не постои!

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, досега многупати зборуваше за Суперлигата која беше на повидок да се формира. Тој во повеќе наврати ја искажа својата разочараност од челните лица на Јувентус, Барселона и Реал Мадрид.

Но сепак тој е најогорчен од Андреа Ањели претседателот на Јувентус кој воедно и е кум на неговата ќерка.

„Мислев дека сме пријатели, но ме лажел во лице, ми зборуваше дека не морам да се грижам, а ден подоцна ги потпишал сите документи за новото натпреварување. Никогаш не се сомневав.Главните личности од иницијативата за Супре-лигата ги делам на три категории. На прво место го ставам Ањели, тоа е лично, за мене таа личност веќе не постои“, порача Словенецот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.