Четирикратната ОИ шампионка пристигна во Токио и покрај тоа што беше четири пати позитивна на допинг во Рио

Американската гимнастичарка Симон Бајлс, која освои четири златни медали на Олимписките игри во Рио, допатува во Токио на овогодинешните ОИ.

Пред пет години Бајлс четири пати беше тестирана и сите четири пати беше допинг позитивна на амфетамин. Меѓутоа, таа не беше казнета од Светската антидопинг агенција, затоа што имала препишана терапија од лекарскиот тим.

Таа наводно конзумирала недозволени средства (стимуланси), но тие ги има и во рецептите препишани од докторите и за тоа постои израз (ТУЕ), па можат да се користат.

Бајл пријавила дијагноза АДХД (пореметување на вниманието и концентрацијата) која наводно ја има од мала, па поради тоа морала да конзумира лекови кои се наоѓаат на листата на забранети.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .