Челси и Јунајтед го сакаат англискиот репрезентативец, но Вест хем бара – премногу!

Најдобриот фудбалер на Вест хем, англискиот репрезентативец Деклан Рајс одигра неколку фантастични сезони во дресот на „чеканите“, па така не чуди големиот интерес за него.

За играчот од средниот ред отсекогаш интерес покажувал лондонскиот ривал Челси, но сега на „сините“ им се приклучи и гигантот од Манчестер, Јуанјтед.

Сепак, Вест хем не планира лесно да се откаже од својот фудбалер и не планираат да го продадат за помалку од 100.000.000 евра, сума што во моментов е превисока за англиските гиганти.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.