Челси е нов европски првак: „Сините“ го срушија Сити на „Драгао“ за втора европска круна! (ВИДЕО)

Англискиот премиерлигаш Челси е нов европски првак откако во финалето одиграно во Порто на „Драгао“ го совлада Манчестер сити минимално со голот на Каи Хаверц во 42. минута (1-0).

„Сините“ финалето го одиграа тактички перфектно, а германскиот стручњак Томас Тухел повторно беше подобар од колегата од спротивната страна Пеп Гвардиола, кого совладува трет пат сезонава.

Клубот од Лондон фантастично се бранеше, па опасниот напад на „граѓаните“ не можеше да го пробие нивниот бедем, предводен од Канте и Рудигер.

Клучниот момент се случи пред крајот на првиот дел кога Маунт одлично го проигра Хаверц, а Германецот го издрибла Едерсон и рутински ја погоди празната мрежа.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .