„Чеканите“ го добија градското дерби против Челси (ВИДЕО)

Челси во 14. коло од Премиерлигата на домашен терен беше поразен од градскиот ривал Вест Хем (0-1). „Сините“ одлично влегоа во натпреварот, а во првиот дел имаа неколку шанси за да постигнат погодок. Сепак, не ги искористија шансите и затоа беа казнети.

На почетокот на второто полувреме „чеканите“, направија една брза контра која почна од голманот, а левиот бек на Вест Хем, Арон Кресвел сам си створи позиција за удар и прецизно стрелаше во голот на Кепа. Интересно, Челси на овој натпревар не направи ниту еден единствен прекршок.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .