Регионалната телевизија „Спортклуб“ доживеа нов удар од големиот конкурент „Арена спорт“. Имено, после НБА и Примера, сега „Арена“ им ја зема и најатрактивната фудбалска лига – англиската Премиер лигата.
Спортската телевизија на Телеком потпиша шест годишен договор со Премиер лигата. Емитувањето ќе започне од следната сезона 2022/23 и ќе трае до 2028 година, додека финансиските детали се уште не се познати.