Чан призна: Не сум среќен во Јувентус

Емре Чан во летото 2018. година како слободен фудбалер пристигна во Јувентус од редовите на европскиот шампион Ливерпул. Фудбалерот од средниот ред потпиша договор до 2022. година, но по се изгледа нема да го испочитува договорот. Германецот во изјава за медиумите кажа дека не е среќен во Јуве поради слабата минутажа.

„Јас сум многу амбициозен и секогаш сакам да се натпреварувам на највисоко ниво. Но, работите не се секогаш какви што очекувате. Оваа сезона ниту еднаш не бев во првиот тим и затоа не сум среќен. Сепак, нема да им дозволам да ме победат. Работам напорно на секој тренинг и ја чекам својата шанса“, кажа Чан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .