„Црна“ ноќ за гигантите од Милано: Ливерпул со пресврт го сруши Милан, Родриго во 90. минута го „нокаутираше“ Интер! (ВИДЕО)

Лош старт за фудбалските гиганти од Милано, Милан и Интер во Лигата на шампионите. „Росонерите“ иако водеа во првото полувреме со 1-2, сепак на крајот беа поразени од Ливерпул на „Енфилд“ (3-2).

Избраниците на Јирген Клоп заслужија да слават. Доминираа од стартот на натпреварот, поведоа со 1-0, меѓутоа им се случи шок пред крајот на првото полувреме, а Милан направи пресврт со брзи два гола. Во вториот дел „црвените“ повторно ја најдоа својата игра и на крајот славеа со 3-2.

Интер пак, на „Џузепе Меаца“ се судри со Реал од Мадрид. „Нероаѕурите“ беа подобри во поголемиот дел од натпреварот, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на вечерва одличниот Тибо Куртоа, а казната стигна преку Родриго во 90. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .