„Црвената фурија“ е светски шампион во тенис: Надал во супер-интересен меч го совлада Шаповалов! (ВИДЕО)

Светскиот број 1, Рафаел Надал го победи Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6-3, 7-6 и на Шпанија и го донесе шестиот трофеј во финалето на Дејвис купот во Мадрид. Претходно Роберто Баутиста Агут го совлада Феликс Ожер – Алијасима, па така „црвената фурија“ стана првиот светски шампион во новиот формат на Дејвис куп финалето кое една недела се играше во таканаречена „магична коцка“ на три добиени меча (два сингл и еден дабл).

Првиот сет Надал го доби лесно. Со сигурен сервис и двете грешки на Шаповалов, Шпанецот ја искористи брејк-топката и поведе со 4-2. Рутински одигра на свој сервис и го освои сетот. Вториот сет беше многу поинтересен, а Шаповалов покажа зошто го сметаат за еден од најталентираните тенисери. Рафа прокоцка две шанси за брејк, па при резултат од 3-3 спаси една брејк-топка.

На стартот на тај-брејкот, првите два поена ги освои Канаѓанецот, а Надал веднаш се врати. Потоа Шпанецот влезе во серија врза два поена, а Шаповалов погреши и ја погоди мрежата за големо славје во Мадрид.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .