Циципас сака револуција во тенисот: „Мора нешто да се промени, тоа што го сакам го имаат сите спортови“

Финалистот на Ролан Гарос, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го дигна својот глас и кажа дека тенисот е единствениот спорт во кој во текот на мечот не можеше да го слушнеш советот на тренерот и според него ова правило под итно мора да се промени.

„Советувањето од тренерот во секој момент би требало да се имплементира во тенисот. Спортот тоа мора да го прифати. Мислам дека ова е единствениот спорт на глобално ниво кој не дозволува такво нешто во текот на играта. Тоа мора да се воведе како правило. Време е тенисот да направи чекор напред“, напиша Циципас на Инстаграм.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.