Хофенхајм пресилен за Звезда, Динамо ремизираше со Феенорд, Милан рутински со Селтик…(ВИДЕО)

Германскиот бундеслигаш Хофенхајм ја совлада Црвена звезда во 1. Коло од Лигата на Европа на домашен терен (2-0). Српскиот првак беше солиден, но не доволно добар за силните Германци кои до победата стигнаа со головите на Баумгартнер и Дабур во второто полувреме.

Аријан Адеми и Динамо Загреб ремизираа на домашен терен против холандскиот великан Феенорд кој не искористи пенал. Но, и „модрите“ можеа да стигнат до победата ако го искористие црвениот картон кај Феенорд кој остана со играч помалку во поседните 20 минути.

Италјанскиот великан Милан ја искористи фаворитската улога на гостувањето во Глазгов кај Селтик (1-3). Головите за „росонерите“ ги постигнаа Круниќ, Диаз и Хауг, додека за почесниот гол за домаќинот беше дело на Елионуси.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .