Холандија ќе игра во осминафиналето на ЕВРО 2020 каде што ќе се судри со добро познат противник – селекцијата на Чешка.
Натпреварот помеѓу двете репрезентации ќе се одигра во Будимпешта, каде што на натпреварот Унгарија – Франција (1-1), расистички беше навредуван Килијан Мбапе. Холанѓаните се свесни за инцидентот и најавија доколку такво нешто се случи би можеле – да го напуштат натпреварот.
„Размислував многу на оваа тема. Можеби ќе има расистчки напади кога ќе истрчаме на теренот. Ќе мораме да разговараме со судијата и можеби ќе одлучам да го напуштам теренот“, изјави капитенот на Холандија, Џини Вајналдум.