Холандија ја доби драмата против Украина: Дамфрис во 85. минута му пресуди на Шевченко! (ВИДЕО)

Холандија со спектакл влезе на ЕВРО 2020. „Лалињата“ во супер – интересен натпревар ја совлада Украина во Амстердам со 3-2, а клучен беше голот на Дамфрис во 85. минута.

Интересно, сите пет голови паднаа во вториот дел. Холанѓаните во 52. минута поведоа преку Вајналдум, а шест минути подоцна Вајхорст зголеми на 2-0. Со иста мера вратија Украинците.

Избраниците на Андриј Шевченко прво намалија со евроголот на Јармоленко во 75. минута, а Јаремчук израмни во 79. минута.

По завршувањето на првото коло Австрија останува прва со три бодови, колку што има и Холандија, па следат Украина и Македонија без бодови.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.