Хигинс го отпиша Милано на секунда до крајот: Барса против Ефес во финалето на Евролигата! (ВИДЕО)

Каталонскиот великан Барселона е вториот финалист на Ф4 турнирот на Евролигата кој се игра во Келн, откако во драматичен натпревар го совлада италијанскиот Олимпија од Милано (84:82).

Апсолутен херој на момците на легендарниот Шарунас Јасикевичиус беше фантастичниот стрелец Кори Хигинс кој во последната секунда стрелаше прецизно за два и така го реши натпреварот.

Хигинс беше трет стрелец во редовите на Барса со 11 поени, со 17 мечот го заврши грчкиот плеј Ник Калатес, кој воедно заработи повреда и е неизвесен за финалето, а прв стрелец беше Никола Миротиќ со 21 постигнат поен.

Кевин Панте беше најдобар на спротивната страна со 23 поени, Мицов имаше 14, а Шилдс поен помалку. Барса во големото финале ќе игра против Анадолу Ефес кој беше подобар од московска ЦСКА.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .