Хет – трик на Халанд за 18 минути, Лајпциг го победи „ранетиот“ ПСЖ, рутински победи за Јуве и Челси… (ВИДЕО)

Во последните натпревари од третото коло на Лигата на шампионите, генерално гледано фаворитите ги исполнија очекувањата.

Борусија Дортмунд славеше на гостувањето во Белгија кај Клуб Бриж со 3-0. Феноменалниот Норвежанец Ерлинг Халанд постигна хет – трик за 18 минути и уште еднаш докажа за каков напаѓач се работи.

Ред Бул Лајпциг стигна до победата против францускиот првак ПСЖ (2-1). „Светците“ им ја препуштија фаворитската улога на Германците поради отсуството на клучните играчи како Мбапе, Нејмар, Верати, Икарди… Бундеслигашот го искористи тоа и со пресврт стигна до победата.

Јувентус и Челси стигнаа до рутински победи во мечевите против Ференцварош и Рен. „Старата дама“ на гостувањето кај унгарскиот великан стигна до убедлива победа (1-4). Мората дефинитивно е во голема форма, а со двата гола го потврди тоа. Дибала постигна еден погодок, додека Двали си постигна автогол.

Од друга страна Челси сигурно очекуваше поголем отпор од француски Рен (4-0). Интересно, „сините“ во првото полувреме водеа со 2-0, а двата гола ги постигнаа преку Вернер од пенал.

Дефанзивецот на Рен, Далберт беше голем трагичар. Направи два пенала и за секој доби по еден жолт, па мораше да ја напушти играта поради црвениот картон. Точка на натпреварот стави Абрахам во 50. минута.

Барселона и Динамо од Киев одиграа неверојатен натпревар, иако резултатот не го кажува тоа (2-1). Барса победи, но можеа да паднат уште многу голови. Украинците се претставија одлично, а голманите Тер Штеген и Нешкерт имаа неколку врвни интервенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .