Хендерсон: Сакав да го убијам Луис Суарез

Џордан Хендерсон стигна како млад играч на Сандерленд, а Луис Суарез шест месеци порано дојде од Ајакс. Англичаните брзо сфатија за каков фудбалер станува збор, а на почетокот односите помеѓу Хендерсон и Суарез не беа на високо ниво.

„Кога си млад фудбалер секогаш има луѓе што те критикуваат и се сомневаат во тебе. Јас тогаш бев млад играч и некои работи не ми се допаднаа. Не се чуствував доволно добар кога бев со него на тренинг. Секогаш ми коментираше и не беше задоволен од мојата игра. Тоа ме болеше. Неколку пати направи така, а јас експлодирав. Бев подготвен да го убијам. Сепак, потоа ги средивме односите, а во следниот натпревар му асистирав за гол“, изјави капитенот на Ливерпул.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .