Харден ги уништи Клиперси: Се бореше како никогаш претходно, а му испрати и „убиствен“ поглед на Ленард! (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одиграа интересни мечеви во НБА лигата, а посебно се издвоија дерби дуелите во западната конференција, Хјустон – ЛА Клиперс и Лејкерс против Голден Стејт.

Хјустон победи со 102-93 против Клиперси, кои важат за едни од главните фаворити за освојување на Лери О’Брајан трофејот.

Џејмс Харден беше „on fire”. Тој играше како во транс, постигна 47 поени, а имаше и 6 скокови и 7 асистенции. „Брадата“ погоди неколку неверојатни шутеви и полека се издвојува како еден од кандидатите за МВП наградата.

Харден влегуваше и во вербални дуели со противничките кошаркари, посебно со Патрик Беверли.

Исто така, интересно беше да се види „убиствениот“ поглед на Харден кон минатогодишниот МВП на финалето Кавај Ленард.

Кај поразените најдобар беше Ленард, кој мечот го заврши со 26 поени, 12 скокови и 7 асистенции.

Резултати:

Мемфис – Шарлот (119 – 117)

Филаделфија – Орландо (97 – 112)

Вашингтон – Бостон (133 – 140)

ЛА Клиперс – Хјустон (93-102)

Сан Антонио – Минесота (114 – 129)

Голден Стејт – ЛА Клиперс (94 – 120)

Торонто – Портланд (114 – 106)

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .