Олимписката делегација на Гвинеја, на чело со спортистите се повлече од Олимписките игри во Токио. Причината за оваа одлука на оваа африканска земја е затоа што не сакаат да се изложат на потенцијални здравствени проблеми.
На помалку од два дена до почетокот на ОИ, имаме најголем број заразени од почетокот на пандемијата. Токму овој факт го натера министерот за спорт на Гвинеја да се повлечат од Токио, затоа што стравуваат за здравјето на своите спортисти.
Ова е трет пат за оваа земја да нема представници на Олимписките игри, претходно не беа во Минхен 1972 година, а потоа и во Монтреал 1976 година.