Хаос во Манчестер: Навивачи упаднаа во тренинг – центарот, Матиќ ги смируваше!

Навивачите на Манчестер јунајтед сабајлево упаднаа во тренинг – центарот на клубот за да го искажат незадоволството после неуспешниот обид за основање на Суперлигата на Европа!

Јунајтед беше еден од 12 – те клубови основачи на натпреварувањето кое пукна после само три дена, а медиумите во Англија наведуваат дека дваесетина навивачи упаднале во тренинг – центарот, во осум часот утринава.

Тие го заобиколиле обезбедувањето и се пробиле до теренот, меѓутоа никој од фудбалерите во тоа време не биле во комплексот. Меѓутоа, тогаш немало никој од играчите, а навивачите барале состанок со менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот не бил расположен за разговор, па со навивачите зборувале помошниците Мајкл Керик и Дарен Флечер, како и Немања Матиќ како единствен претставник на фудбалерите.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.