Хаос во Андалузија: Мурињо ПОЛУДЕ поради голот со рака на Бетис! (ВИДЕО)

Вистински хаос се случуваше синоќа на пријателскиот натпревар кој се одигра во Андалузија помеѓу Бетис и Рома при резултат 3-2, кога „римската волчица“ заработи црвен картон, а исклучување заработи и нивниот тренер, Жозе Мурињо поради жестоките протести.

Скандалот се случи затоа што играчот на Бетис, Алекс Морено постигна гол со рака. Нормално, тоа ги разбесни фудбалерите на Рома, а поради протестите Лоренцо Пелегрини заработи втор жолт картон, па мораше да го напушти натпреварот.

Потоа на теренот се најде и Мурињо. „Специјалниот“ не се штедеше при критиките кон судијата, кој на тренерот на клубот од Рим му покажа директен црвен картон. Но, тука не беше крајот, во 65. Минута исклучен беше и Џанлука Манчини, потоа и Карсдорп, па може да се заклучи дека судијата направи хаос на пријателскиот меч.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .