Хамилтон: Имам последици од Ковид19!

Луис Хамилтон не се појави на редовната пресконференција, зашто лекарот на Мерцедес го посетил поради омалаксаност, а Хамилтон после тоа признал дека можеби има долгорочен ковид-19, зашто некои од симптомите од време на време му се појавуваат повторно.

„Цела година се борам со здравјето после тоа што ми се случи во декември (се зарази од коронавирусот – н.з.). И понатаму водам борба. Имам голема вртоглавица, па на патеката сѐ ми е матно“, вели Хамилтон.

Многу луѓе се жалат на постковид синдроми, кои може да останат уште подолго време после прележаната болест, а една американска фудбалерка уште во март годинава посочи дека се заразила меѓу првите во март лани, а после цела година безмалку секој ден има по некој симптом на корона што ја мачи.

„Не сум разговарал со никој посебно за ова, ама мислам дека се одолговлечи. Знам какви симптоми имав кога го имав ковид-19, ама сега секој тренинг имам различен степен на омалаксаност, па секој тренинг е посебен предизвик. Ќе продолжам да се трудам, да тренирам најдобро што можам. Кој знае сега што беше? Можеби дехидрација… Нешто слично беше и во Силверстоун, само сега далеку полошо“, додаде Хамилтон.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.