Хамилтон го подржа протестот: Британецот ги бојкотира социјалните мрежи!

Шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон се приклучи на акцијата против расната дискриминација, која ја започнаа спортистите во Велика Британија предводени од фудбалерите, со бојкот на социјалните мрежи во следните три дена.

Фудбалскиот сојуз на Англија, лигите и останатите професионални организации нема да ги користат социјалните мрежи од 15 часот денеска па се до крајот на понеделник, а целта ќе биде подигање на свеста за дискриминацијата и вербалното насилство кое голем дел од спортистите го трпат преку овој канал на комуникација.

„Неам донесено јасна одлука во врска со оваа ситуација, но јасно е дека расизмот и понатаму е голем проблем. Социјалните мрежи мораат да направат повеќе во борбата против ваков вид на вербално насилство и јас ја подржувам иницијативата“, изјави Хамилтон.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .