Моментално втората светска тенисерка Симона Халеп во 2019. Година стигна до најголемиот трофеј во кариерата кога го освои Вимлбдон, а таа година и Новак Ѓоковиќ стигна до трофејот на неофицијалното Светско првенство.
Нормално, како освојувачи двајцата беа главна атракција на традиционалната вечера. Според традицијата, шампионите во машка и женска конкуренција танцуваат на бината, меѓутоа Симона тоа го одби, а сега објасни и зошто.
„Беше стресно за мене да одам на штикли и да го носам трофејот во исто време, но исто така тоа беше и убаво. Не танцував. Бев под голем стрес и прашував што треба да правам. Ми одговорија дека на мене е да одлучам и кажав „не, ве молам““, откри Романката.
Simona Halep talks to BBC Sport about why she didnt dance with Novak Djokovic, and being happy to be Wimbledon champion for another year.
— 🇷🇴WTA Romania🇷🇴 (@WTARomania) July 8, 2020
Source: BBC pic.twitter.com/OKKw2vYBOf