Хабиб ја напиша историјата, а во пензија оди со нестварни две изгубени рунди!

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во УФЦ, откако го совлада Џастин Гејџи во 2. рунда од борбата, која падна во сенка поради одлуката на Дагестанецот да ја заврши кариерата.

Во 12 години долгата кариера, Хабиб има луд скор од 29 – 0. Тој верувале или не, изгубил само две рунди во кариерата. Зад себе има вкупно 60 рунди, од кои дури 58 ги добил доминантно.

Првиот пат, најголемиот ривал Конор Мекгрегор (кој му искажа голем респект), му зема рунда, а втората рунда му ја зема токму Гејџи во вчерашната борба.

Интересно, првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт откри дека Хабиб се борел со скршено стопало.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .