Хабиб доаѓа на 430 километри од Скопје: Дагестанецот преку видео – разговор потврди! (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов, непоразениот УФЦ шампион се уште е во центарот на вниманието по спектакуларната победа над Џастин Гејџи, но и поради одлуката на Дагестанецот да ја заврши богатата кариера.

Сега претседателот на Боксерскиот сојуз на Србија, Ненад Боровчанин најави дека легендарниот борец ќе пристигне во оваа земја. Боровчанин бил во директен разговор со Хабиб по натпреварот и веќе некое време биле во контакт, по што кажал дека ќе ја посети Србија.

„Голем поздрав за Србија! Ќе се видиме наскоро, кога ќе каже Ненад и кога ќе се договориме јас сум подготвен да дојдам во посета“, кажа Хабиб.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .