ФФ на Велс одлучи: Гигс нема да ги предводи во три меча!

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и моментален селектор на Велс, Рајан Гигс нема да ги води мечевите во наредниот период поради скандалот кој беше обелоденет денеска.

Легендарниот крилен фудбалер беше приведен откако физички ја нападнал својата девојка. Фудбалската федерација на Велс го направи првиот чекор.

Тие соопштија дека Гигс нема да ги предводи своите избраници во следните три натпревари. Првиот е веќе во наредниот четврток кога Велс игра пријателска средба против САД во Свонси, а потоа следат мечевите од Лигата на нациите.

Велшаните во Кардиф ќе ги пречекаат Ирска и Финска. Роберт Пејџ ќе ја предводи велшката репрезентација, а аситент ќе му биде Алберт Стјувенберг.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .