Фудбалери на Реал Мадрид не дојдоа на „Сантијаго Бернабе“, само за да не се сретнат со Зидан!

Реал Мадрид ја победи Селта Виго со убедливи 5:2 во натпревар со голем број голови и ги израдува своите фанови, кои долго го чекаа враќањето во својот фудбалски храм.

Шпански „АС“ тврди дека двајца фудбалери на Реал Мадрид го избегнале овој важен момент, само за да избегнат средба со поранешниот тренер Зинедин Зидан.

Зидан бил поканет од клубот да го следи натпреварот и бил во ВИП ложата, но Герет Бејл и Лука Јовиќ решиле дека не сакаат да имаат никаков контакт со тренерот со кој имаа доста проблеми изминатиот период.

Останатите повредени фудбалери како Крос и Себалјос биле на трибините и имале кратка средба со Зидан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .