Низ турбелентен период поминуваат фудбалерите на Тотенхем. Во ист ден им се случија два шока, прво „формирањето“ на Суперлигата, и отказот кој го доби нивниот тренер Жозе Мурињо.
Сепак, Спарси успеаа да останат фокусирани, а вечерва на домашен терен го совлдаа секогаш незгодниот Саутемптон, со пресврт (2-1).
Гостите поведоа со голот на Ингс во 30. минута, додека пресвртот се случи во вториот дел преку Герет Бејл и Сон од пенал.