Французите бараат преигрување со Швајцарија: Преку 250.000 се потпишаа, тврдат – прекршени се правилата!

Француските навивачи не можат да се помират со фактот дека испаднаа во осминафиналето на ЕВРО 2020 од Швајцарија на пенали.

Токму затоа беше започната петиција со барање да се поништи мечот против Швајцарија и да се одигра нов, а причина за ова барање е голманот ја Швајцарците, Јан Зомер кој наводно не стоел на гол – линијата кога го одбранил пеналот на Мбапе.

„Спортот мора да се игра по правилата, а таа вечер тие не беа почитувани“, објасни авторот на петицијата.

Интересно, до четвртокот попладне петицијата ја потпишале повеќе од 250.000 луѓе, а константно бројката се зголемува. Сепак, нема никакви шанси барањето да биде прифатено и натпреварот да биде преигран.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .