Франција ја сруши Данска за трето злато во својата историја!

Ракометната репрезентација на Франција се закити со третото олимписко злато во историјата, откако во финалето на ОИ во Токио ја совладаа фаворизираната селекција на Данска (25:23).

Како што напоменавме, Данците важеа за огромни фаворити во финалето, меѓутоа „триколорите“ во текот на целиот натпревар беа во убедливо водство. Сепак, во финишот Данците се доближија на еден гол негатива, но тоа беше се што направија.

Ремили беше првиот стрелец кај Французите со пет погодоци, Дескат и Мем имаа по три, додека браќата Карабатиќ по два погодоци. Кај Данска очекувано, најдобар беше Микел Хансен со девет голови.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.