Франција ги сопре Дончиќ и Словенците: Прв пораз за Лука во дресот на Словенија!

После селекцијата на САД, кошаркарите на Франција се вторите финалисти на кошаркарскиот турнир во Токио. „Триколорите“ во драматична завршница минимално ја совладаа Словенија со 90-89.

Верувале или не, ова е првиот пораз за Дончиќ во дресот на Словенија, а до овој натпревар имаше скор од 17 победи и ниту еден пораз. Плејот на Далас мечот го заврши со 16 поени, 10 скокови и дури 17 асистенции. Кај победниците најдобар беше Де Коло со 25 поени.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.