После ремито против фаворитот Шпанија во првото коло на ЕВРО 2020, фудбалерите на Шведска денеска ја забележаа првата победа, откако во Русија ја совладаа селекцијата на Словачка со голот на пенал на Емил Форсберг во 77. минута.
„Викинзите“ сега се први со четири бодови, втора е Словачка со три бода, Шпанија е трета со бод, додека на дното е Полска без бодови.